УТРО.мк

Белгиски полицаец под истрага за шпионажа во корист на Кина и Русија

Белгиски полицаец под истрага за шпионажа во корист на Кина и Русија
Vero

Белгиските власти спроведуваат истрага против полицаец од Брисел, кој е уапсен под сомнение дека споделувал чувствителни информации со Кина, Русија или со двете држави, јавува белгискиот јавен сервис РТБФ.

Според извештаите, истражителите извршиле претрес во неговиот дом, а полицаецот бил вработен во полициската управа на главниот град. Освен кривичната постапка што ја води Федералното јавно обвинителство, против него е покрената и внатрешна полициска истрага.

Бриселскиот портал „Политико“ претходно објави дека минатата недела бил приведен припадник на белгиската безбедносна служба под сомнеж за шпионажа. Лицето било сослушано и потоа пуштено да се брани од слобода под строги безбедносни услови. Засега не е потврдено дали станува збор за истиот човек.

Белгиските истражни органи не откриваат повеќе детали, со образложение дека случајот е чувствителен и сè уште е во рана фаза на постапката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран