УТРО.мк

Ердоган: Прво јас ќе ја посетам Газа!

Ердоган: Прво јас ќе ја посетам Газа!
Vero

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека планира да ја посети Газа по неодамнешното објавување на примирје меѓу Хамас и Израел, нарекувајќи го договорот „горчливо-сладок“ чекор кон мирот и изразувајќи надеж за трајна стабилност на палестинските територии.

Во говор пред членовите на својата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во градот Ризе, Ердоган го поздрави примирјето како момент на олеснување за жителите на Газа по месеци разорувања. „Целосно ја поддржуваме секоја иницијатива која трајно ќе го запре масакрот и геноцидот што се случува во Газа веќе две години“, истакна тој, пренесува Daily Sabah.

„Турција се надева дека новиот договор за примирје меѓу Израел и Хамас ќе донесе траен мир, спокојство и безбедност во Газа и другите палестински територии“, додаде Ердоган.

Реагирајќи на скандирањата во чест на Газа за време на својот говор, тој им порача на присутните: „Прво јас ќе одам во Газа, а потоа вие.“ Исто така, нагласи дека Израел мора да ги почитува условите на примирјето и да ги запре агресивните акции кои ја загрозуваат регионалната безбедност.

Ердоган ја пофали и Хамас за „многу разумниот став“ со кој пристапија кон примирјето и потврди дека Турција ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ. „Иако горчливо-сладки, насмевките почнуваат да се појавуваат во Газа по разурнувањето. Лично ја поздравувам Палестина и Палестинците“, заклучи тој.

Овие изјави следат по најавата дека Турција ќе обезбеди техничка поддршка и ќе учествува во работната група за следење на спроведувањето на планот за примирје во Газа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран