УТРО.мк

Лихвар и неговата сопруга приведени по насилен напад

Лихвар и неговата сопруга приведени по насилен напад
Vero

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера околу 13:20 часот лишија од слобода 50-годишниот С.Н. и неговата 35-годишна невенчана сопруга Н.А., двајцата од Неготино, по пријава за насилен напад врз должник.

Според пријавата, С.Н. на лице од Неготино му дал 2.000 денари, но поради ненавремено враќање на средствата и несразмерната камата, должникот му дал накит како одложување на враќањето на парите. На 09.10.2025, С.Н. и Н.А. отишле во неговиот дом и физички го нападнале, при што била турната и сопругата на оштетениот која се обидела да го заштити.

Со судска наредба бил извршен претрес во домот на С.Н., при што биле одземени пари во различни апоени и валути, накит, вага, куршуми без соодветна документација, патна исправа на друго лице и нотес со запишани белешки. При преглед кај приведените биле пронајдени дополнителни пари, а С.Н. физички нападнал двајца полициски службеници при приведувањето.

Против Н.А. е поднесена кривична пријава за „насилство“, додека против С.Н. се водат постапки за „насилство“, „лихварство“, „напад врз службено лице“ и „неовластено поседување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материјали“.

С.Н. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран