УТРО.мк

Спор за стан прераснал во физички инцидент во скопски Карпош

Спор за стан прераснал во физички инцидент во скопски Карпош
Vero

Во СВР Скопје е пријавен физички инцидент што се случил на подрачјето на Карпош, во кој биле инволвирани 75-годишен маж и две други лица, поврзани со спор околу стан под закуп.

Според пријавата, на 15 јуни околу 16:00 часот, Б.Т. (75) од Скопје, во придружба на својот внук, дошол пред зграда каде што имал стан под закуп, со намера да го раскине договорот за закуп.

Таму, како што се наведува, бил пречекан од С.К., сопственик на станот, и А.Н., претставник на агенција за недвижности. Во моментот кога се обидувал да ја отклучи влезната врата, Б.Т. бил удрен по рака од С.К., по што, според пријавеното, возвратил со метална прачка.

Потоа дошло до физичка пресметка меѓу инволвираните лица, при што С.К. и А.Н. го нападнале пријавителот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin