УТРО.мк

Полицијата испикала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Полицијата испикала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега
Vero

Полициски службеници од СВР Битола пронајдоа 46 пакувања марихуана при акциска контрола на потегот меѓу селата Лажец и Граешница.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 16 јуни околу 18:45 часот, при преземање службени дејствија, полициските службеници забележале лице кое не постапило по издадена усна наредба да застане.

Во обид да го сопрат, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, но лицето продолжило да бега. Притоа, фрлило торба и избегало од местото на настанот.

По извршено пребарување на теренот, полицијата пронашла три торби во кои имало вкупно 46 пакувања со марихуана.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за идентификување и пронаоѓање на лицето, како и за целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin