УТРО.мк

Украдена каса со пари од црква во Брвеница

Украдена каса со пари од црква во Брвеница
Vero

Непознат сторител одзел каса со пари пред црквата „Св. Атанасиј“ во тетовското село Брвеница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, кражбата се случила на 15 јуни околу 16:30 часот пред влезот на црквата, а случајот бил пријавен во СВР Тетово наредниот ден, на 16 јуни во 11:30 часот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Истрагата е во тек.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin