УТРО.мк

Кореја: Брисел не смее да навлегува во политичкиот систем на Македонија и дека тоа ги крши Копехашките критеруми на самата Европска Унија.

Кореја: Брисел не смее да навлегува во политичкиот систем на Македонија и дека тоа ги крши Копехашките критеруми на самата Европска Унија.
Vero

Португалскиот известувач во сенка за Северна Македонија, Антонио Танжер Кореја, во дебатата за европската иднина на Западен Балкан во Европскиот парламент порача дека Европската Унија не треба да се меша во уставниот и политичкиот систем на земјите кандидати, оценувајќи дека таквиот пристап оди подалеку од Копенхашките критериуми.

Тој нагласи дека повеќето земји од регионот во минатото биле поблиску до Европската Унија и дека, според него, одговорноста за забавениот процес на проширување делумно лежи и кај самата Унија.

Во однос на Северна Македонија, Кореја истакна дека земјата има јасна европска перспектива, но дека не треба да се поставуваат барања кои навлегуваат во нејзиниот политички систем и уставна рамка.

– Ова не е политика на проширување, туку „раздели па владеј“. Ние не се согласуваме со какво било мешање во овие земји – изјави Кореја, што беше протолкувано како критика на барањата поврзани со уставните измени.

Кореја е еден од известувачите во сенка за извештајот за Северна Македонија, назначен од Европската народна партија, и учествува во подготовката на документите и усогласувањето на амандманите во Европскиот парламент.

Неговите ставови доаѓаат во контекст на засилената дебата во ЕП за пристапниот процес на земјите од Западен Балкан и условите за нивно приближување кон Унијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin