УТРО.мк

Скопјанка повредена од случаен истрел со воздушна пушка

Скопјанка повредена од случаен истрел со воздушна пушка
Vero

На 14 ноември, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ била примена 46-годишната Љ.И. од Скопје, со прострелна рана во десната нога.

Според пријавата на нејзиниот син, 21-годишниот Д.И., инцидентот се случил на 13 ноември околу 17:00 часот во нивната викенд-куќа во село Брест, скопско. Тој во дворот гаѓал мета со воздушна пушка, но, не забележувајќи ја мајката која минувала покрај него, случајно ја погодил во ногата.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран