60-годишен македонски државјанин, кој живеел во италијанскиот град Луго, загина во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случила на периферијата на Равена, во близина на каменолом во Фосо Џијаја. Во судирот меѓу два камиона едно лице починало, а едно е повредено.
Според италијанските медиуми, жртвата е Ислами Месут, во локалната заедница познат како Макс. Тој во Италија се преселил пред околу две децении, каде работел постојано и посветено.
Несреќата настанала кога двата камиона, движeјќи се во спротивни насоки – едниот при влез, другиот при излез од каменоломот – се судриле со силен удар.
Општината Луго упати сочувство до семејството: неговата сопруга, двете деца и внуците. Градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи напиша дека Макс бил „чесен, вреден и добро познат член на заедницата Волтана“.
Претседателката на Советот на Волтана, Валерија Монти, истакна дека семејството Месут било пример за интеграција. „Макс и неговата сопруга беа почитувани и сакани. Благодарение на нивната работа, нивните деца дипломираа и успеаја да купат дом. За нас беа прекрасни соседи и пријатели“, рече таа.























