УТРО.мк

Скопјанец со нож повреди двајца вработени во хотел кај Охрид – оштетен и хотелски инвентар

Скопјанец со нож повреди двајца вработени во хотел кај Охрид – оштетен и хотелски инвентар
Vero

Сериозен инцидент се случи вчера попладне во хотелски комплекс во близина на охридското село Коњско, кога 43-годишниот А.Д. од Скопје со нож нападнал двајца вработени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од СВР Охрид, осомничениот по нападот не застанал тука – тој дополнително го оштетил хотелскиот инвентар, пред да биде совладан од страна на полициските службеници и приведен.

Нападнатите вработени се пренесени на лекарски преглед. Засега нема официјални информации за степенот на нивните повреди. Полицијата најави дека работи на целосно расчистување на случајот, а против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мотивите за нападот засега не се познати, а инцидентот предизвикал вознемиреност кај гостите и персоналот во хотелот. Очекува се повеќе информации по завршувањето на истрагата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран