УТРО.мк

Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда

Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
Vero

Македонски државјанин е пронајден мртов во стан во кој престојувал на одмор во албанскиот крајбрежен град Саранда.

Според информациите од албанската полиција, трагичниот настан се случил на 26 јули, во населбата број 1 во Саранда. Починатиот бил идентификуван како О. Ј. (20), а телото го пронашле членови на неговото семејство.

Првичниот преглед на телото не покажал траги на насилство, а според досегашните сознанија, се сомнева дека се работи за природна смрт. Причината за смртта ќе биде потврдена со обдукција. Албанските власти ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности поврзани со случајот.

Ова е втор трагичен случај со македонски турист во Албанија во текот на јули. На 15 јули, на плажата кај Каваја, во близина на Драч, животот го загуби 66-годишен македонски државјанин, кој доживеал срцев удар откако влегол во морето. Иако други капачи се обиделе да му помогнат и интервенирала брзата помош, човекот починал на самото место.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран