УТРО.мк

Групна тепачка во Тетово: Осум лица приведени, едно лице повредено со остар предмет

Групна тепачка во Тетово: Осум лица приведени, едно лице повредено со остар предмет
Vero

Тетовската полиција информира дека во текот на вчерашниот ден биле приведени осум млади лица на возраст од 20 до 25 години поради масовна физичка пресметка што се случила на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово.

Инцидентот се случил околу 23:40 часот, а според СВР Тетово, при тепачката едно лице, Д.Е. (21) од село Селце, бил повреден со остар предмет. Полицијата веднаш реагирала и ги лишила од слобода О.С. (20) и Б.С. (24) од село Палатица, А.У. (21) и Ј.У. (24) од село Дебреше, А.С. (25) од Вруток, како и К.О. (23), Д.И. (25) и повредениот Д.Е. (21), сите од село Селце.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полициска екипа, при што е пронајден и остриот предмет кој е подигнат за понатамошна постапка. Приведените лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово соопшти и дека се работи и на расчистување на уште еден физички напад пријавен истиот ден. Според пријавата, околу 15:00 часот пред угостителски објект на улицата „Благоја Тоска“, по кратка вербална расправија, 18-годишниот А.А. од Тетово физички го нападнал А.Ш. (20), исто така од Тетово. Полицијата презема мерки за расчистување и на овој инцидент.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран