
13-годишник од Скопје бил физички нападнат од родител на негов соученик во општина Аеродром, по што со повреди бил пренесен во болница.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 25 септември околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 15:38 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што детето било донесено со повреди.
Од МВР информираат дека според пријавеното, 13-годишникот бил физички нападнат од С.Р., родител на негов соученик.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.















