УТРО.мк

Инспекторка за 250 евра ветила „чист“ записник: Уапсена вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство

Инспекторка за 250 евра ветила „чист“ записник: Уапсена вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство
Vero

Лишена од слобода вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство за примање поткуп, поднесена кривична пријава

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М.(42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената, вработенa во Агенција за храна и ветеринарство на РСМ како државен инспектор за храна, во периодот од 17.09.2026 до 25.09.2026, при вршење на редовна контрола во правно лице – угостителски објект, побарала паричен износ во висина од 250 евра во вид на поткуп за да изготви Записник од извршен инспекциски надзор во кој ќе констатира дека не се утврдени неправилности во работењето на правниот субјект, иако знаела и била свесна дека правното лице не ги поседувало процедурите за добра производна храна и добра хигиенска пракса кога го извршила увидот. Наведениот износ го примила на 25.09.2026 и тогаш му го предала на оштетниот и Записникот од извршен инспекциски надзор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран