
Разбојништво се случило во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“ во Тетово, каде машко лице со закана со нож од вработената одзело пари и побегнало.
Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 18 септември во 00:30 часот. Според пријавеното, разбојништвото се случило претходната вечер околу 22:50 часот.
Мажот, кој бил маскиран, со нож ѝ се заканил на вработената, по што одзел пари од обложувалницата и го напуштил објектот.
Од полицијата информираат дека на местото бил извршен увид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

















