
Седум парчиња муниција биле пронајдени во рачниот багаж на 46-годишен жител на скопско село при обид да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром Скопје.
Од МВР информираат дека на 17 септември околу 15:00 часот, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле А.Џ. (46) од селото Вртекица, скопско.
При извршената проверка на неговиот рачен багаж биле пронајдени седум парчиња муниција со калибар од 9 милиметри.

















