УТРО.мк

Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица

Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица
Vero

Лишени од слобода три лица за предизвикување пожар на депонија во Охрид, следува пријава

На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата кај Буково, полициски службеници од СВР Охрид од слобода ги лишија Ф.А.(27) од Кавадарци, Е.И.(31) од Штип и Е.Н.(38) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли. Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли и друг материјал.
По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin