УТРО.мк

Разбиена нелегална поштенска мрежа: Запленети 166 пратки вредни речиси 240 илјади денари

Разбиена нелегална поштенска мрежа: Запленети 166 пратки вредни речиси 240 илјади денари
Vero

Царински инспектори од Одделението за истраги, во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес во фирма осомничена за незаконско вршење меѓународни поштенски услуги и криумчарење стока.

При контролата биле откриени вкупно 166 поштенски пратки со различна содржина, чија вкупна вредност се проценува на околу 240 илјади денари. Станува збор за стока која во земјава била внесувана без пријава кај царинските органи и без исполнување на законските услови за поштенски сообраќај.

Според надлежните, фирмата немала соодветна лиценца за вршење меѓународни поштенски услуги и пратките ги транспортирала преку гранични премини со возила, по што ги складирала во сопствен магацин со цел нивна понатамошна дистрибуција до нарачателите, за што наплаќала паричен надомест.

Целокупната криумчарена стока е запленета, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран