Роденденска прослава во Свети Николе за малку ќе завршела со сериозни последици, откако 17-годишно момче запалило прскалка на балкон, а искрите предизвикале пожар што зафатил сува трева на државно земјиште.
Како што информира СВР Штип, случајот бил пријавен во 22:20 часот во ОВР Свети Николе. Малолетникот, додека славел роденден кај другар, запалил прскалка, по што неколку искри паднале на блиската сува површина. За кратко време се појавил пожар, кој почнал да се шири.
Благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе, огнот бил локализиран и целосно изгаснат, а повредени лица нема. Сепак, случајот е пријавен до надлежното обвинителство, кое ќе ја води понатамошната постапка.