На улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје утрово е пронајден починат Љ.И. (48) од Скопје.
Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.































