УТРО.мк

Од петок (7 ноември) ни доаѓа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер

Од петок (7 ноември) ни доаѓа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер
Vero

Во нашата Република Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.

И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.

Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

МетеоАларм

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран