Двајца турски државјани, Г.М. и К.М., денеска околу 10 часот беа приведени на скопскиот аеродром поради фалсификувани визи за Обединетото Кралство.
При граничната контрола, службениците утврдиле дека приложените документи не се автентични. Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.































