УТРО.мк

Притвореник почина во Затворот Скопје – лекарите немоќни да му помогнат

Притвореник почина во Затворот Скопје – лекарите немоќни да му помогнат
Vero

Вчера, на 30 август 2025 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека притвореник во Казнено-поправната установа Затвор Скопје побарал лекарска интервенција, по што починал.

„На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје, од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје, е пријавено дека М.П. (54) од село Долно Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Во 15:58 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот е пријавен и надлежните органи преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран