
49-годишниот Н.А. од Прилеп, е обвинет за фалсификување документи, откако полицијата открила дека изработил лажно свидетелство за завршено основно образование. Според информациите од МВР, тој наводно имал намера со фалсификатот да се запише во авто школа и да полага возачки испит, иако реално завршил само четврто одделение.























