УТРО.мк

Претрес во Скопје откри тајно складиште со оружје: пронајдени пиштол, автоматска пушка и панцир

Претрес во Скопје откри тајно складиште со оружје: пронајдени пиштол, автоматска пушка и панцир
Vero

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 21-годишниот М.У. од Скопје, осомничен за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 28 август годинава, полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа на улицата „Агрон Бериша“, каде што биле пронајдени и одземени повеќе парчиња оружје и опрема. Меѓу нив се пиштол „Чешка Зброевка 75“ калибар 9 мм со рамка и куршуми, расклопена автоматска пушка „Застава М70“ калибар 7,62 мм, панцир и други предмети кои, според полициската истрага, ги оставил пријавениот.

Предметите се одземени за вештачење, а против М.У. ќе се спроведе постапка пред надлежното обвинителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран