
На 6 март 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Кисела Вода, при што дошло до физичка пресметка меѓу повеќе лица.
Според информациите од полицијата, во инцидентот учествувале Н.Т. (66), И.Т. (38), А.Н. (30), М.Н. (85), М.К. (62) и С.Н. (59), сите од Скопје.
– На 06.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 66-годишната Н.Т., 38-годишната И.Т., 30-годишната А.Н, М.Н.(85), М.К. (62) и С.Н.(59), сите од Скопје, стои во полицискиот билтен.
По пријавата, случајот бил евидентиран од страна на полицијата, а се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на околностите под кои дошло до пресметката.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против инволвираните лица.
● Напомена: Фотографијата е илустрација и не е поврзана со конкретниот настан























