УТРО.мк

ОМО Илинден – Пирин: Поддршка за адвокатот Тони Менкиноски

ОМО Илинден – Пирин: Поддршка за адвокатот Тони Менкиноски
Vero

Организацијата ОМО Илинден – Пирин изрази јавна поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, оценувајќи дека забраната која му е изречена нема правна основа, туку претставува етнички мотивирана одлука.

Од организацијата наведуваат дека ваквата постапка, според нив, е насочена против Менкиноски поради неговата припадност и ангажман во одбрана на правата на Македонците во Бугарија.

„Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина – таа е етничка, само затоа што е Македонец. Ова е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во одредени кругови во Бугарија“, наведуваат од ОМО Илинден – Пирин.

Според нив, Менкиноски со својата работа пред Европски суд за човекови права ја симболизира борбата за правда, достоинство и заштита на основните човекови права на Македонците во Бугарија.

Во реакцијата се истакнува дека македонската заедница нема да се откаже од борбата за своите основни права и слободи, додавајќи дека ваквите случаи треба да бидат предмет на внимание и на институциите на Европска Унија.

Од ОМО Илинден – Пирин порачуваат дека Европската Унија не треба да остане рамнодушна кон, како што велат, политиките кои имаат за цел преку притисоци и закани да го негираат македонскиот идентитет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран