УТРО.мк

Скандал ја тресе Црна Гора: Експлицитни снимки од поранешна функционерка се шират на социјалните мрежи

Скандал ја тресе Црна Гора: Експлицитни снимки од поранешна функционерка се шират на социјалните мрежи
Vero

Нова афера ја бранува јавноста во Црна Гора откако во јавноста и на социјалните мрежи започнаа да кружат експлицитни снимки од поранешна висока државна функционерка. Таа поднела пријава во полицијата во Подгорица, по што е отворена истрага за утврдување на околностите под кои снимките се појавиле во јавноста.

Според информациите што ги објавуваат медиумите, случајот добива дополнителна тежина бидејќи функционерката наводно била во емотивна врска со лице кое во моментов е осомничено за извршување на свирепо двојно убиство.

Полицијата во моментов работи на утврдување како снимките протекле во јавноста и дали тие биле искористени за уцена или за политичка дискредитација. Истрагата треба да утврди и дали осомничениот за убиството ги направил снимките со намера да врши притисок врз неа додека била на јавна функција.

Во меѓувреме, институциите се обидуваат да го заштитат идентитетот и интегритетот на поранешната функционерка додека трае постапката.

Случајот повторно ги отвори прашањата за безбедносните проверки на државните функционери и можните врски меѓу државниот апарат и лица од криминалното подземје.

Црногорските медиуми оценуваат дека ова е уште еден во низата скандали што ја потресуваат земјата во последниот период, при што повторно се актуелизира темата за влијанието на организираниот криминал врз институциите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран