Скопската полиција вчера уапси пет возрасни лица и еден малолетник поради поседување на наркотични супстанци.
Како што информираа од МВР, на 3 септември 2025 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б. (42), В.Н. (26), Д.С. (23), С.К. (29), Р.А. (30) и еден малолетник, сите од Скопје.
При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со траги од марихуана.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.