Пет лица од тетовско и гостиварско се лишени од слобода поради поседување дрога, информираа од полицијата.
Изминатата ноќ, во 02:25 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(20) од Тетово, затоа што кај него беше пронајдена и одземена марихуана.
Половина час по полноќ на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полицијата го лиши од слобода З.Н.(34) од Гостивар, откако кај него е пронајдена марихуана.
Исто така, во село Калник, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Е.Р.(20) од с. Јеловјане, поради пронајдена марихуана.
На 12 септември, во 20:00 часот, полицијата во Гостивар ги лиши од слобода А.И.(32) и А.У.(31), двајцата од с. Теново, тетовско, поради пронајден кокаин.
Лицата се задржани во полициските станици, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.