Шеесетгодишен жител на Тетово пријавил во СВР Тетово дека бил тешко повреден откако во него удрило патничко возило „мерцедес“ со швајцарски регистарски таблици, кое потоа избегало од местото на несреќата.
Според пријавата, несреќата се случила на 10 август 2025 година, околу 12:15 часот, на кружниот тек кај крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“. Додека оштетениот излегувал од своето возило, бил удрен од „мерцедесот“ кој продолжил да се движи по „Илинденска“.
Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.