ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа.
„Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и со внимание заедно со граѓаните за нашата единствена и најубава Битола“, порачаа од партијата.
Со ова, ВМРО-ДПМНЕ ја потенцира нивната заложба за стабилност и развој на локалната заедница, како и зајакнување на соработката со граѓаните во сите аспекти на општинското работење.