УТРО.мк

Поднесена пријава за шверц на мобилни телефони вредни 355 илјади денари

Поднесена пријава за шверц на мобилни телефони вредни 355 илјади денари
Vero

Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „ајфон“ во вкупна вредност од 355 илјади денари.

Делото е откриено на граничниот премин Ново Село, при детален преглед на возилото на осомничените, кога во багажниот простор биле пронајдени пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“.

Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, каде што се преземени предистражни дејствија. Според утврдените факти, првоосомничениот, по договор со второосомничениот, ги презел телефоните што биле порачани преку интернет од лице во Бугарија и платени пет илјади евра во криптовалута.

Телефоните биле скриени во багажниот простор со цел да се избегне царинската контрола и плаќањето на давачки кон државата во износ од 64 илјади денари. Телефоните се запленети, а против сторителите е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран