УТРО.мк

Почина поранешен македонски парламентарец

Почина поранешен македонски парламентарец
Vero

Почина Благојче Трпевски, поранешен пратеник и истакнат јавен работник, соопшти поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата објава на социјалните мрежи. Ковачевски изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Трпевски, истакнувајќи го неговиот значаен придонес во јавниот живот.

„Благојче Трпевски ќе остане запаметен како човек на принципи, чесност и искреност. Како пратеник и професионалец, тој неуморно работеше на развојот на државата и на реализацијата на патниот Коридор 8. Неговата посветеност и борбата за социјалдемократските вредности оставија траен белег“, напиша Ковачевски, додавајќи дека се сеќава на неговата човечност и преданост.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран