
На 2 април 2026 година, во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од Полициската станица Ростуше ја лишија од слобода А.А. (45) од истото село.
Лишувањето од слобода е спроведено врз основа на потерница издадена по судска наредба, за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело согласно член 190 и член 45 од Кривичниот законик.























