Според информациите, осомничената при вршење семејно насилство нанела повеќе убоди со остар предмет на повозрасните членови од семејството. Двајцата повредени веднаш биле пренесени во болница, но засега не е соопштена нивната здравствена состојба.
Јавниот обвинител издал повеќе наредби и насоки за прибирање на релевантни докази со цел целосно расчистување на случајот. Осомничената е лишена од слобода, а се постапува во насока на утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Од Обвинителството најавуваат дека по обезбедување на потребниот доказен материјал ќе следуваат и понатамошни правни дејствија.