УТРО.мк

Оружје и муниција пронајдени кај жител на кичевско

Оружје и муниција  пронајдени кај жител на кичевско
Vero

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 39-годишниот А.Л. од кичевското село Србица, поради сомнение за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела пиштол калибар 9 милиметри, 61 куршум од истиот калибар, како и предмети за лабораториско производство на марихуана.

Осомничениот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а против него следува понатамошна постапка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран