На 13.10.2025 во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во оџакот на скарата во угостителски објект на ул.„Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, сопственост на С.А.(41) од Тетово. Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.