Македонската јавност е потресена од загубата на Владимир Блажев – Панчо од музичкото дуо ДНК, кој почина по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Популарниот пејач настапуваше вечерта кога избувна огнот, и веднаш реагираше, на микрофонот советувајќи ги присутните да излезат надвор. Иако во еден момент имаше информации дека неговата состојба се подобрува, за жал, Панчо не успеа да преживее.
Тој остави две деца – Андреја и Марјан.