УТРО.мк

Обвинение за финансиски злоупотреби во Прилепската болница

Обвинение за финансиски злоупотреби во Прилепската болница
Vero

Обвинителството поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за финансиски злоупотреби во Општата болница Прилеп, каде, според нив, пари од болничката каса биле трошење на кафеани, пицерии и бензински пумпи, додека дел од услугите постоеле само на хартија.

Според обвинението, поранешната директорка Кети Смилеска и неколку вработени во периодот од 2022 до средината на 2024 година земале средства од болницата и ги трошеле без договори, објаснување или трага во даночниот систем. Станува збор за повеќе од 150 илјади евра, исплатени преку лажни налози за работа и фиктивни услуги кои, според истрагата, никогаш не биле извршени.

„Поранешната директорка е обвинета и за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи одобрувала исплата на средства кон угостителски објекти и продавници, иако набавените производи и услуги не биле наменети за пациентите во болницата“, соопштија од Обвинителството.

Лани во април полицијата изврши претреси на осум локации во Прилеп, вклучувајќи и приватни адреси на лица поврзани со менаџментот на болницата, откако новиот директор Кире Јоноски го пријави финансиското „празнење“ на сметката и долгови од околу три милиони евра. Поранешната директорка Смилеска тогаш ги негираше обвинувањата.

Обвинението доаѓа девет месеци по притворот на дел од осомничените, а Обвинителството најавува дека истрагата продолжува и дека се можни дополнителни обвиненија по завршувањето на финансиските вештачења.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран