УТРО.мк

Нова трагедија на скопските улици: Почина пешак откако 22 годишник со мотоцикл удрил во него – возачот уапсен

Нова трагедија на скопските улици: Почина пешак откако 22 годишник со мотоцикл удрил во него – возачот уапсен
Vero

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран