
Во Гевгелија, 30-годишен мигрант од Алжир се здобил со сериозни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење. Несреќата се случила на локацијата позната како „Подвозник“, а инцидентот бил пријавен во Полициската станица Гевгелија на 5 април околу 18:33 часот.
Според информации од МВР, возот му ја прегазил десната нога при падот. Повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.























