УТРО.мк

Маж извршил физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка па избегал низ прозорец во СВР Битола – полицијата трага по него

Маж извршил физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка па избегал низ прозорец во СВР Битола – полицијата трага по него
Vero

Маж пријавен за физичко и психичко насилство врз неговата 21-годишна партнерка избегал низ отворен прозорец од просторија во СВР Битола, додека полициски службеници преземале дејствија за да го лишат од слобода. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека се трага по него и дека за случајот е известена внатрешната контрола.

Според пријавата, девојката подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање и закани од нејзиниот партнер. Нејзината мајка апелира надлежните итно да го пронајдат пријавениот, додека 21-годишната битолчанка, по проценка на Центарот за социјални работи, е згрижена во шелтер-центар.

Пријавата во полиција

Од МВР информираат дека девојката на 10 ноември во 23:10 часот во СВР Битола пријавила дека истиот ден, околу 17 часот, била физички нападната од нејзиниот партнер К.У.

Според пријавеното, тој подолг временски период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. Меѓу наводите се и тврдењата дека ја давел со раце и не ѝ дозволувал да дише.

Нејзината мајка наведува дека ќерката околу година и половина била изложена на тепање и закани по живот. Таа бара итна реакција од институциите и пронаоѓање на пријавениот.

Како дошло до бегството?

Според соопштението на МВР, во моментот кога девојката го пријавувала случајот, К.У. доброволно дошол во СВР Битола заедно со еден од неговите родители.

Додека полициските службеници преземале службени дејствија со намера да го лишат од слобода, тој избегал преку отворен прозорец од просторијата за развод.

„Веднаш биле испратени полициски службеници и преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање кои продолжуваат и во моментот“, наведуваат од МВР.

За околностите под кои лицето успеало да избега е вклучена и внатрешната контрола на Министерството.

Рочиштето одложено за 18 ноември

Судското рочиште за изрекување мерки против пријавениот, кое требало да се одржи во петокот по пријава на Центарот за социјални работи во Битола, е одложено за 18 ноември поради неуредна достава и негово отсуство.

Од Обвинителството посочиле дека по пријавата на 10 ноември веднаш дале насока лицето да биде повикано на разговор.

Девојката во меѓувреме е згрижена во шелтер-центар, а нејзината мајка апелира пријавениот што побрзо да биде пронајден.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран
Urban Stil Lotarija
Green Machines

Најнови вести

Milioner Lotarija
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija