УТРО.мк

Скопје ќе биде домаќин на првиот Форум за енергетска дипломатија – во фокусот обновливите извори, зелените инвестиции и жените во енергетиката

Скопје ќе биде домаќин на првиот Форум за енергетска дипломатија – во фокусот обновливите извори, зелените инвестиции и жените во енергетиката
Vero

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката.

Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, дипломатскиот кор, енергетски компании и инвеститори.

Како да обезбедиме повеќе инвестиции во обновливи извори? Како да ја зајакнеме регионалната енергетска соработка? Како да создадеме повеќе можности за жените да учествуваат во носењето на клучните одлуки?

Ова се дел од прашањата што ќе бидат во фокусот на форумот, со цел да се поттикнат нови партнерства, да се разменат искуства и да се отворат конкретни можности за развој на одржливи енергетски проекти. Посебен акцент ќе биде ставен на финансирањето на зелената транзиција, привлекувањето инвестиции, јавно-приватните партнерства и регионалното поврзување.

Во рамките на форумот е предвидено и официјално воспоставување на Мрежата за жени во енергетската дипломатија (Women in Energy Diplomacy Platform), која ќе создаде нов простор за регионална соработка, професионално поврзување и зајакнување на женското лидерство во енергетскиот сектор.

Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE).

На 25 ноември, Скопје ќе биде место за нови идеи, меѓународни партнерства и разговори што можат да прераснат во конкретни енергетски инвестиции. Ги покануваме сите заинтересирани претставници на институциите, компаниите, финансискиот сектор, академската заедница и професионалците од областа на енергетиката да бидат дел од овој значаен меѓународен настан.

Комплетната агенда и регистрацијата се достапни на официјалната веб-страница: https://forum.energy.gov.mk/

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран
Urban Stil Lotarija
Green Machines

Најнови вести

Milioner Lotarija
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija