
Полицијата лишила од слобода 43-годишен жител на валандовско Казандол откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени пиштол и ловечка муниција што, според МВР, ги поседувал без дозвола.
Претресот бил извршен на 12 ноември, со судска наредба, од полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија. Во домот на Ш.Е. бил пронајден пиштол „Blow“, калибар 9 милиметри, и ловечка муниција.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По неговото документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.























