УТРО.мк

Возач со дрва не застанал на знак од шумската полиција, па се обидел да удри полицаец во Желино

Возач со дрва не застанал на знак од шумската полиција, па се обидел да удри полицаец во Желино
Vero

Педесет и тригодишен жител на тетовско Желино е лишен од слобода под сомнение дека со автомобил натоварен со огревни дрва не застанал на знак од шумската полиција, а потоа се обидел да удри еден од полицајците и побегнал, соопшти МВР.

Според пријавеното, настанот се случил на 13 ноември околу 13:40 часот во атарот на селото Желино.

З.Џ. управувал патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва. Кога припадници на Шумската полиција му дале знак да застане, тој, според сомневањата, ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден шумски полицаец, по што побегнал.

Истиот ден, во 21:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода во Желино.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран