УТРО.мк

Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник

Без возачка зад волан: Седуммина лишени од слобода, меѓу нив и 16-годишник
Vero

Седум лица кои управувале возило без положен возачки испит се лишени од слобода во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу нив се и двајца малолетници – 17-годишник од Скопје и 16-годишник од Неготино.

Полицијата на различни локации низ државата лишила од слобода вкупно десет возачи поради сомневање за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

Според соопштението на МВР, покрај двајцата малолетници, без положен возачки испит биле затекнати и Р.Џ. (27) од скопско Крушопек, А.М. (32) од Чашка, Б.М. (45) од Берово, М.К. (20) од струшка Драслајца и Б.С. (39) од селото Обршани, општина Кривогаштани.

Двајца други возачи управувале и покрај тоа што имале активна забрана за возење. Станува збор за Ј.Б. (23) од неготинско Тремник и З.Ј. (55) од Скопје.

Од слобода бил лишен и А.Ц. (55) од Прилеп, кој, според полицијата, управувал возило под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или додека имаат изречена забрана за управување.

„Сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачуваат од МВР.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран