
Легендарниот боксер Мајк Тајсон се појави во лик на антички војсководец во објава на својата официјална Фејсбук-страница, а пораката со која ја придружи сликата веднаш буди асоцијација на Александар Македонски.

„Mikesander The Great“ – односно „Мајксандар Велики“ – стои над фотографијата на која Тајсон е прикажан со златен ловоров венец, оклоп и црвена наметка. Во позадина се гледаат војници и знаме со сончев симбол.
ЛИНК ДО ОБЈАВАТА НА МАЈК ТАЈСОН
Објавата е означена како содржина создадена со вештачка интелигенција, а името „Мајксандар“ е игра на зборови составена од неговото име Мајк и името Александар.
За македонската публика, токму асоцијацијата на Александар Македонски и симболот во позадина ѝ даваат посебен печат на оваа необична објава. Тајсон, познат по прекарот „Челичниот Мајк“ и по својата борбеност во рингот, овојпат е претставен како воин од едно поинакво време.
Боксерската легенда не објаснува што ја инспирирало објавата, но спојот на неговиот лик со името на познатиот војсководец остава простор секој да ја доживее на свој начин.























