УТРО.мк

Масовна тепачка пред угостителски објект во центарот на Скопје

Масовна тепачка пред угостителски објект во центарот на Скопје
Vero

Масовна физичка пресметка била пријавена ноќеска во Скопје, информира МВР.

Според пријавата, на 3 мај околу 01:15 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка меѓу повеќе лица.

Во инцидентот учествувале седум лица на возраст од 18 до 26 години, од Скопје, Куманово, кратовско и кумановско.

– На 03.05.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Н.С.(18), Н.А.(19), А.С.(26), Е.С.(19), сите од Скопје, И.Г.(19) од с.Трновац, кратовско, Д.М.(22) од Куманово и М.С.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, известија од полицијата.

Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран