УТРО.мк

Македонец уапсен во Тирана – Ова се причините

Македонец уапсен во Тирана – Ова се причините
Vero

Албанската полиција уапси 36-годишен државјанин на Македонија по кој беше распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.

Полицијата соопшти дека Н.С. (36) бил приведен во рамки на акцијата „Операција 73“, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија. Дополнително, лицето било барано и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“.

Во полициското соопштение се наведува дека Основниот суд во Куманово го осудил 36-годишниот македонски државјанин на две години затвор за „фалсификување валута“, по што била распишана меѓународна потерница.

Интерпол Тирана, во координација со македонските власти, ќе ги спроведе понатамошните постапки за неговата екстрадиција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран